Connect with us

Фудбал

Индиско момче го копираше голот на Марадона во Јувентус и му оддаде почит на починатиот Аргентинец

Смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона ја потресе целата светска јавност. Многумина му оддадоа почит на славниот аргентински фудбалер на различни начини, но се истакна едно момче од Индија.

Едно момче по име Михал Абулаис направи славен слободен удар на малото земјено игралиште со кое Марадона го сруши Јувентус додека го носеше дресот на Наполи.

Момчето го носеше дресот на аргентинската репрезентација, се сврте кон камерата и го покажа грбот, на кој, наместо бројот, беше нацртано тажно насмеано лице поради смртта на Марадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mishal Abulais (@abulais_1)