Connect with us

Фудбал

Инфантино: Има многу интересни предлози за промени во фудбалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека на адресата на кровната куќа на фудбалот пристигнаа многу интересни предлози за фудбалски реформи.

Тој истакна некои од нив, поддржувајќи ја можноста да се дискутира за нив на сите нивоа, но не поддржа ниту едно од нив.

Инфантино исто така истакна и дека сите овие предлози влијаат на широк спектар на интереси и треба да се разгледуваа полека и многу внимателно.

„Слушнав интересни предлози за широк спектар на прашања. Започнувајќи со плафонот за плати, ограничување на сумите за трансфер, други механизми за оданочување и завршувајќи со можен услов да се придонесе за резервниот фонд за случаи како што е пандемијата на коронавирус. ФИФА веќе работи во оваа област, иако се соочуваме со интересите на одредени луѓе. Овие проекти треба да се дискутираат на сите нивоа. Треба да разговараме за ваквите прашања додека поминуваме низ тежок период“, рече Инфантино за „Гардијан“.