Connect with us

Кошарка

Инграм останува во Њу Орлеанс за неверојатни 158 милиони долари

Кошаркарот на Њу Орлеанс пеликанс, Брендон Инграм, се договори да потпише нов петгодишен договор вреден 158 милиони долари.

За следните пет сезони, Њу Орлеанс на Инграм ќе му исплати неверојатни 158 милиони долари. 23-годишниот кошаркар изминатава сезона експлодираше во НБА лигата со 23,8 поени и 6,1 скока по натпревар.

Инграм имаше просек од 23.8 поени, 6.1 скокови и 4.2 асистенции по натпревар и за одличните игри беше „награден“ со настап на Ол стар натпреварот.