Фудбал
„Иниеста беше единствениот близок со Меси“
Поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, тврди дека Андрес Иниеста е единствениот фудбалер близок со Лионел Меси.
Енрике освои се што можеше со тимот од соништата на Барса, и истакна дека Лионел Меси е дефинитивно најдобриот фудбалер кој го има тренирано.
„Не можам да му кажам на Меси како да дрибла, да додадам и да шутира затоа што тој е уметник и нема потреба да му кажувам такво ништо. Јас му објаснив само што сакав на теренот за системот да работи подобар“, рече тој и продолжи:
„Меси е играч кој најмногу ме импресионираше во кариерата. После тоа, Андрес Иниеста, тој беше многу близок со Меси. Лео сепак е далеку пред другите“, додаде шпански тренер.
Неодамна, 49-годишниот стручњак исто така призна дека нема да му пречи повторно да седи на клупата на каталонскиот гигант.
„Мислам дека можам повторно да бидам тренер во сите клубови во кои сум бил. Ја оставив вратата отворена насекаде. Моето време во Барселона беше прекрасно и секогаш ќе им бидам благодарен на можноста што ја добив. Имав среќа да поминувам толку години во клубот што ми даде сè“, изјави Енрике.
Претходно во својата тренерска кариера, Енрике ја водеше и Селта Виго и Рома.