Connect with us

Фудбал

Иниеста играше против Барселона, а потоа на младиот играч му рече: Дај ми го дресот, ќе ме убијат децата (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер Иниеста на најдобар можен начин се прости од јапонскиот клуб Висел Кобе. Последниот меч во дресот на оваа екипа, го одигра на пријателски дуел против тимот во кој стана фудбалска легенда, а тоа е секако Барселона. Мечот заврши со победа на Каталонците so 0:2, а стрелци на головите беа Кеси и Гарсија.

Еден момент е во фокусот на вниманието. Имено, легендарниот Иниеста му пријде на младиот Гави и му го побара дресот, велејќи дека ако не го добие децата ќе го убијат.  Гави секако не можеше да каже не на една легенда каква што е Иниеста.