Connect with us

Фудбал

Иниеста кон Барса: Ќе направите огромна грешка ако дозволите Бускетс да си замине

Легендарниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста изјави дека евентална продажба на Серхио Бускетс би била огромна грешка. Неодамна стана јасно дека халфот не е задоволен од платата што ја добива и сака таа да биде зголемена. Играчот од средниот ред дури и самиот си дозволи да му се закани на претседателот на клубот со заминување.

„Ќе биде огромна грешка ако Бускетс ја напушти Барселона. Не верувам дека ќе дојде до тоа, бидејќи тој е важен играч и веќе долги години игра на високо ниво во тимот“, изјави Иниеста.

Како што е познато, тој го напушта „Камп Ноу“ по крајот на сезоната. Сепак, не е јасно во која насока ќе преземе, откако самиот откри дека ќе игра или во Кина или во Јапонија.

„Ќе ви ја соопштам одлуката следната недела. Сакам јас да сум тој кој ќе објави прв за својата иднина“, додаде шпанскиот репрезентативец.