Connect with us

Фудбал

Интер договори ново засилување: Мозес пристигнува на лекарски преглед

Нигерискиот фудбалер Виктор Мозес скоро сигурно ќе ја продолжи кариерата во италијанската Серија А.

Овој 29-годишен фудбалер сè уште е член на Челзи кој го испрати во Фенербахче на позајмица претходно оваа сезона. Иако тој требаше да остане во турскиот клуб до крајот на сезоната, сега е јасно дека тоа нема да се случи.

Поточно, голем интерес за него покажа Интер кој контактираше со Челзи пред неколку дена. Челзи го заврши своето задолжување во Фенер, а Нигериецот се врати во Лондон, но остана таму само еден ден.

Веќе синоќа, Мозес пристигна во Милано, откако Интер и Челзи се договорија за условите на заем. Нигериецот утрово веќе започна лекарски прегледи по што ќе биде официјално претставен како нов играч на Интер.