Connect with us

Фудбал

Интер е уверен дека ќе го ангажира Видал оваа недела со договор до 2022 година

Милано, 8 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал е близу до преминување во Интер.

Според новинарот Фабрицио Романо, италијанскиот клуб е сигурен во успехот на зделката. Чилеанецот ќе потпише договор со Интер до 2022 година. Трансферот на играчот се очекува да биде објавен до крајот на оваа недела.

Претходно се дозна дека Видал бара од Барса шест милиони евра за раскин на договорот. Се очекува тој да заработува шест милиони евра годишно во Интер.

Минатата сезона Видал забележа 33 настапи во Примера и постигна осум гола. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com