Connect with us

Фудбал

Интер гази се пред себе, 10-та победа во низа, падна и единствениот должник оваа сезона (ВИДЕО)

Екипата на Симоне Инзаги ја забележа 10-тата победа во низа во Серија А. Вечерва славеше со 0:1 на супер тешкото гостување, кај сезонава инзворедната Болоња, предводена од порашениот играч на Интер, Тиаго Мота. Практично Болоња беше единствениот должник оваа сезона, тим против кој Интер немаше победа. Првиот меч во Милано заврши 2:2, а пресметката во Купот ја доби Болоња со 2:1.

Вечерва голот за победа го постигна деанзивецот Бисек, кој со глава најдобро се снајде во казнениот простор по центаршутот на уште еден дефанзивец, Бастони. Во моментов Интер на првото место има 75 бодови, или 18 повеќе од второпласираниот Јувентус кој својот меч од ова коло го игра утре на домашен терен против секогаш незгодната Аталанта.

Standings provided by Sofascore