Фудбал
Интер го продава Шкриниар, но од ПСЖ бара пари и уште еден фудбалер
Антонио Конте останува на клупата на Интер и следната сезона. Се чини дека го доби тоа што сакаше, односно да има статус на менаџер во клубот, особено кога се во прашање трансферите.
Од доаѓањето на Конте на клупата на Интер, Милан Шкриниар, кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, повеќе седеше на клупата. Формацијата со тројца класични стопери не му одговара на Словакот, па во преден планбеа Годин и Бастони, секако заедно со незаменливиот Де Вриј.
Се погласни се информациите дека Шкриниар ќе биде продаден. Има интерес од Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, но се чини дека најконкретен е ПСЖ. Сепак, освен пари Интер од францускиот првак бара и еден фудбалер, а тоа е Аргентинецот Леандро Парадес.
Шкриниар би требало да биде замена за искусниот Тијаго Силва кој се сели во Челзи.