Connect with us

Фудбал

Интер и Јунајтед се договорија за Алексис Санчез

Според англиските, но и италијанските медиуми Интер и Манчестер Јунајтед постигнале договор за Алексис Санчез. Италијанскиот тим ќе го откупи Чилеанецот за сума од 15 милиони евра. Како што пишува „Газета дело Спорт“, Алексис Санчез ќе потпише тригодишен договор со тимот од Милано, а ќе се согласи и на далеку помала плата, односно на 5 милиони евра годишно.

Санчез досега една сезона играше како позајмен во Интер од Манчестер Јунајтед. Три месеци не играше поради повреда, но кога се врати беше еден од најдобрите на теренот. На 29 меча во сите конкуренции постигна 4 голови и 10 асистенции.