Фудбал
Интер и Јувентус договорија голема размена на играчи, но ПСЖ се прашува за сè
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди во моментов игра за ПСЖ на позајмица од Интер, но постои голема можност францускиот клуб да не го откупи неговиот договор на крајот на сезоната.
Икарди блескаше во првата половина од сезоната во дресот на ПСЖ и има постигнато дури 17 голови, ново последно време не му оди баш најдобро. Како резултат, се повеќе се шпекулира дека парижаните нема да го откупат неговиот договор и дека Икарди ќе се врати во Интер ова лето.
Во Интер тие не се многу заинтересирани за тоа бидејќи Икарди е одамна одамна е пречкртан поради неговото однесување. Но, „Калчомертато“ пишува дека Интер би можел да направи многу интересен договор со Јувентус.
Старата дама веќе некое време покажува интерес за Икарди, но не се расположени за него да платат 70 милиони евра. Затоа Јуве предложи да плати околу 35 милиони евра, вклучително и Хуан Квадрад во договорот.
Колумбиецот има договор уште две години, а играч како него многу добро би го пречекале во Интер. Антонио Конте нема ништо против таков договор, но сепак зависи од ПСЖ, кој има сè во свои раце.
Ако ПСЖ реши да го откупи договорот на Икарди за 70 милиони евра, тогаш сите зделки на Јувентус и Интер паѓаат во вода.