Поврзи се со нас

Фудбал

Интер и Јувентус ќе бидат разочарани, Барселона одлучи да не ја продава ѕвездата

Антоан Гризман и следната сезона ќе остане во Барселона, пренесува „L’Equipe“.
Според францускиот весник, раководството на каталонскиот клуб го убедил 29-годишниот Французин за време на лична средба дека тој нема да биде на трансфер листата ова лето. Претставниците на Барселона го уверија напаѓачот дека клубот сè уште смета на него.
Во сезоната 2019/20, Гризман одигра 44 натпревари за Барселона, постигна 15 гола и четири асистенции. Претходно беше објавено дека врвните клубови од Италија, пред се Интер и Јувентус, но и од Англија покажуваат интерес за Французинот.

loading...

Facebook