Поврзи се со нас

Фудбал

Интер и Реал подготвуваат голема размена

Утрово италијанските медиуми пласираа вистинска можна трансфер бомба во јавноста.

Имено, како што пренесува Спортмедиасет, Интер и Реал Мадрид се подготвуваат да разменат двајца играчи од средниот ред кои играат доста слабо оваа сезона.

Кристијан Ериксен, кој претходно беше желба на кралевите, ќе замине во Мадрид, додека Иско ќе пристигне во Милано.

Иско е вишок со Зинедин Зидан и францускиот стручњак му дава можност најмногу кога нема друг избор.

Од друга страна, Ериксен пристигна во Интер минатата зима, но не се снајде во Италија, иако беше најавуван како големо засилување.

loading...

Facebook