Connect with us

Фудбал

Интер и Рома залудно се надеваа

Светскиот шампион со Франција, Флориан Товен донесе одлука во врска со својата иднина.

Одличниот фудбалер на Олимпик Марсеј беше на радарот на Интер и Рома, како и на неколку други европски великани, но тој реши да остане доследен на Марсеј.

„Го кажав тоа претходно и ќе продолжам да го кажувам истото. Јас ќе останам во Марсеј! Сите знаат што ми значи овој клуб и тука завршува целата приказна“, рече Товен.

Товен имаше лоша среќа оваа сезона бидејќи се здоби со сериозна повреда. 27-годишниот репрезентативец нема одиграно ниту еден натпревар како стартер, додеа во претходната сезона постигна 16 голови на 33 натпревари.

Пред две години Товен беше светски првак со Франција во Русија.