Connect with us

Фудбал

Интер испрати понуда за ѕвездата на ПСЖ

Интер сериозно размислува да го доведе во своите редови Лајвин Курзава од ПСЖ.

Според италијански „Calciomercato“, Интер ја испратил првата понуда за левиот бек.

Сепак овој трансфер не изгледа нереален затоа што договорот на 27-годишниот Французин истекува на крајот на сезоната.

ПСЖ, очигледно, нема намера да го обнови договорот со играчот. Курузава сака да се пресели во клуб од Премиер лигата, но Интер сака да го убеди со високата премија доколку се согласи да патува на „Сан Сиро“.