Фудбал
Интер ја користи кризата во Барса и ита кон Меси
Синоќешниот дебакл на Барселона ќе предизвика тектонски промени во самиот клуб. Но и ѕвездата Меси според медиумите е под знак прашалник дали ќе продолжи по болката која ја доживеа синоќа.
Екипата на Интер ги користи овие моменти. Иако претходно се најавуваше и шпекулираше, сепак немаше официјални инфомрации дека Меси е подготвен токму за Интер.
Според медиумите, Интер ќе направи се максимално да ја искористи оваа состојба и растројство кое се случи во Барселона по синоќешниот натпревар, со крајна цел Меси да направи трансфер во Интер.
„Газета“ пишува дека тимот од Милано е подготвен да му понуди петгодишен договор од 260 милиони евра, кој ќе го направи најплатен играч во историјата. Плус, во калчото е и Роналдо, стариот ривал на Меси од времето во Ла Лига.