Фудбал
Интер ја разби Рома, сега чека кикс на Милан (ВИДЕО)
Екипата на Интер целосно ја надигра Рома и славеше со 3:1 во дербито на денот во Серија А, со што му го нанесе првиот пораз на тимот на Жозе Мурињо по 12 меча. Со овој пораз Рома пропушти шанса да се доближи уште повеќе на Јувентус на четвртата позиција која носи пласман во ЛШ следната сезона, а со трите бода Интер ќе биде лидер, барем до утре со 72 бода, еден повеќе од Милан кој утре против Лацио го игра својот меч.
На вечерашниот натпревар резлтатот го отвори Демфрис по половина час игра, а на 2:0 зголеми Брозовиќ во 40-тата минута. Крај на надежите за Рома за барем бод на овој меч донесе Лаутаро Мартинез со својот гол во 52-та минута. Гостите од Рим успеаја само да постигнат почесен погодок во 85-та минута преку Мкхтаријан во нивниот само втор директен шут во рамките на голот.