Поврзи се со нас

Фудбал

Интер ќе даде 1 милион евра на Барселона за Видал

Милано, 20 септември 2020 (МИА) – Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, денеска ќе пристигне во Милано за да го финализира својот трансфер во Интер, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Италијанскиот гигант ќе плати 1 милион евра за неговиот трансфер.

Чилеанецот практично повеќе не е фудбалер на каталонскиот клуб. Деновиве тој го раскина договорот со Барселона. Вчераутро пристигна во базата, ги собра своите работи и се прости од своите поранешни соиграчи.

Веќе стана познато дека 33-годишниот Видал се договорил со Интер. Неговата годишна плата ќе биде 6 милиони евра без бонуси, а неговиот договор ќе биде до 2022 година со опција за продолжување за уште 12 месеци.

Играчот за врска го носеше дресот на Барселона од 2018 година, а претходно играше за Баерн, Јувентус, Баер Леверкузен и Коло Коло. Тој е репрезентативец на својата земја од 2007 година.

Advertisement

Facebook

Реклама