Connect with us

Фудбал

Интер ќе плати 35 милиони евра за Тонали

Милано, 26 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, ќе му се придружи на Интер, пишува „Ла Газета дело Спорт“.

Миланскиот клуб се согласи да го изнајми 20-годишниот фудбалер со обврска за откуп во 2021 година. Износот на трансферот ќе изнесува 35 милиони евра.

Италијанецот ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона во Интер. Неговиот договор со „неро-азурите“ ќе важи до јуни 2024 година.

Во последната сезона, Тонали одигра 34 натпревари за Бреша, постигна еден гол и направи седум асистенции. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com