Фудбал
Интер ќе продаде еден од најплатените играчи
Диего Годин најверојатно ќе се раздели со Интер на крајот на сезоната.
Уругваецот дојде во Интер како слободен агент, се веруваше дека тоа ќе биде големо засилување за Интер, но тој не ги оправда очекувањата за времето поминато во клубот досега.
Според извештаите на италијанските медиуми, челниците на Интер се одлучија да го продадат Годин на крајот на сезоната, а може да заштедат и околу 20 милиони евра и, за многу помала сума пари, да го заменат Мараш Кумбул од Хелас Верона.
„Годин во моментов е меѓу најплатените фудбалери на Интер. Неговите примања стануваат проблем за управувањето со клубот, кој е подготвен да се раздели со него по слабата сезона“, пишуваат на Апенините.
Се верува дека Интер нема да има проблем да најде купувач за Годин, особено затоа што неколку клубови покажале интерес за неговите услуги, вклучувајќи ги Валенсија, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Годин, потсетиме, дојде во Интер од Атлетико Мадрид.