Фудбал
Интер Мајами е близу до доведување на Хамес Родригез
Колумбиската sвезда се очекува да го напушти Реал Мадрид и може да ја продолжи кариерата во американскиот фудбалски шампионат.
Хамес Родригез може да ја продолжи кариерата во американскиот шампиона.
Американскиот клуб, Интер Мајами, покажа интерес за 28-годишниот фудбалер.
Спортскиот директор Пол Мекдону изјави дека американскиот клуб бара одлични играчи и Хамес е еден од нив.
Пред неколку недели, сопственикот на Интер, Дејвид Бекам, го контактираше претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, со кого разговараше за Хамес.
Поранешниот фудбалер на Порто, Монако и Баерн Минхен го бараат и европските клубови.
Се ќе зависи од него, тој ќе одлучи дали ќе ја продолжи кариерата во Европа или ќе замине во САД.