Connect with us

Фудбал

Интер на Дејвид Бекам е многу лош, а тој вели: Ниту Манчестер Јунајтед не е изграден за еден ден

Големи очекувања имаа навивачите од Интер Мајами, но стартот во МЛС Лигата може да се каже дека е разочарувачки.

Дејвид Бекам ги смирува навивалите и вели дека ниту Манчестер Јунајтед не е изграден за еден ден. Неговиот тиме  поразен од Њујорк Сити со 1:0 со што го забележа петтиот последователен пораз на почетокот на сезоната, а со тоа постави негативен рекорд во МЛС лигата.

Покрај Бекам и тренерот Диего Алонсо верува дека може подобро и дека ќе биде подобро.

-Реални сме и знаеме дека мораме многу да работиме за да станеме подобри. Имаме четири недели за подобрување и очекуваме дека ќе ни се придружат неколку нови играчи, што секако ќе ни помогне да станеме подобра екипа, вели Алонсо.