Фудбал
Интер најде заеднички јазик со гигантот од Премиер лигата, скоро сензационален трансфер!
Интер е подготвен да направи уште еден голем трансфер, бидејќи после Лукаку најверојатно ќе пристигне уште еден напаѓач од Премиер Лигата. Станува збор за Оливие Жиру. Според неодамнешните извештаи од „Скај“, се шпекулира дека Интер постигнал договор со Челзи.
Inter Milan are close to an agreement with Chelsea over a deal for Olivier Giroud, according to Sky in Italy.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 12, 2020
Ова беше единствениот ќор-сокак, каде разговорите не успеаја, бидејќи Интер понуди 4 милиони евра, додека „Сините“ бараа 7-8 милиони евра за напаѓачот. Сепак, се чини дека се реши ова прашање, бидејќи двата клуба најдоа заедничка основа. Жиру ќе потпише договор со Интер до летото 2022 година.