Connect with us

Фудбал

Интер негираше трансфер на дефанзивец на ПСЖ

Интер е во завршна фаза од преговорите со агентите на дефанзивецот Милан Шкриниар за обновување на неговиот договор, според Gaxxetta Dello Sport. Пари Сен Жермен се покажа како главен фактор во преговорите меѓу раководството на „нероаѕурите“ и агентите на словачкиот интернационалец.

Шкриниар ја прифати понудата на парижаните во летото. ПСЖ му понуди годишна плата од 9 милиони евра. Сепак, Интер ги спречи преговорите бидејќи бараше 70 милиони евра за трансферот на Шкриниар во Франција.

Договорот на Шкриниар со „нероаѕурите“ истекува во јуни 2023 година, а доколку не биде обновен, Словакот на почетокот на следната година ќе може да преговара со други клубови за слободен трансфер.

Централниот дефанзивец ја прифати новата понуда на Интер, која ќе му обезбеди годишна плата од 7 милиони евра доколку остане на „Џузепе Меаца“.