Фудбал
Интер потврди: „Не нè интересира Видал“
Интер не го сакаат Видал.
Барселона се обидува да го добие Лаутаро Мартинез по секоја цена и се зборуваше за договор за трампа, при што Барса им нуди пари и играчи, вклучувајќи го и Артуро Видал.
Сепак, спортскиот директор на црно-синиот клуб, Пјеро Аусилио, потврди дека Видал не е на списокот на Антонио Конте и нема да биде префрлен во Интер.
„Видал нема да дојде, бидејќи веруваме во нови имиња како Сенси и Барела“, изјави тој за „Sky Sport Italia“.
„Имаме и фудбалер како Ериксен, на кого му треба само малку време за да се прилагоди“.