Фудбал
Интер повторно го сака Един Џеко: Рома ја постави цената за Босанецот
Един Џеко минато лето беше на излезната врата на Рома, но на крајот реши да остане на „Олимпико“.
На крајот на летниот преоден рок минатата година, Деко реши да остане во Рома и да го продолжи договорот со овој клуб до летото 2022 година. Тогаш Џеко се поврзуваше со Интер и се чинеше дека тој сигурно ќе ја продолжи кариерата на „Меаца“, но се се смени во последен момент.
Сепак, италијанските медиуми повторно ја потенцираат приказната дека Џеко е на радарот на Интер. Антонио Конте е голем обожавател на Босанецот и сака да го види во својот тим доколку се појави можност да се случи ваков трансфер.
Исто така, „Калчомеркато“ пишува дека Рома сега би можеле да се согласи да го продаде Џеко така што би направиле простор во нивниот буџет поради фактот дека напаѓачот има годишна плата од 7,5 милиони евра, и дека е меѓу најплатените играчи во клубот.
Но, од Рома се јасно дека цената на Џеко не се намали многу. Минатата година се појавија шпекулации за бројката од околу 15 милиони евра, додека римскиот клуб рече дека овој пат нема да го пуштат Џеко да оди за помалку од десет милиони евра.
Конте го гледа Босанецот како резервна опција за Ромелу Лукаку, а неговото пристигнување во голема мерка би ја зголемило конкуренцијата во напад.
Сепак, од Интер јасно му порачаа на Рома дека нема да поминат многу време на преговори овој пат. Доколку не успеат да го доведат Џеко, тогаш нивни главни цели ќе бидат Оливие Жиру и Марио Манџукиќ, кој во моментов е слободен агент.