Фудбал
Интер преговара за нов договор со дефанзивецот
Интер започна разговори со Алесандро Бастони за нов договор. Нероаѕурите сакаат да го задржат италијанскиот репрезентативец најмалку до 2027 година. Веќе подолго време интерес за него има од два англиски клуба – Манчестер Сити и Тотенхем.
Актуелниот договор на Италијанецот истекува во 2024 година. Со него веќе се започнати разговори за продолжување до 2027 година.
Според La Gazzetta Dello Sport, 23-годишниот дефанзивец добил понуда вредна 3,9 милиони фунти годишно.
Понудата беше ставена на маса за време на средбата помеѓу клубот и претставници на Бастоњ. Преговорите треба да продолжат во наредните недели.
Во 2017 година, Бастони се приклучи на Џузепе Меаца од Аталанта за 31 милион фунти. Тој беше испратен на позајмица во Парма, но стана клучна фигура за Интер и одигра важна улога во освојувањето на Серија А во сезоната 2020/21.