Connect with us

Фудбал

Интер размислувал за Пандев, Конте му порача: Горане, не се пензионирај уште

Published

on

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев влезе во „клуб 100“. На мечот со Беневенто, тој ги постигна својот 99-ти и 100-ти гол во Серие А. Мечот заврши 2:2, а се чини дека Џенова е многу блиску до опстанок. Честитки стигнаа од сите страни за Горан Пандев.

Стигнаа и од Интер, клубот за кој порано играше Пандев, поточно од тренерот Конте кој на Скај Спорт се вклучи во директна линија.

размисли дали сака пензија по крајот на сезоната.

„Не се пензионирај, имаш уште многу да му дадеш на фудбалот. Се додека тренинзите не ти се товар, остани во фудбалот, изјави Конте кој во ова тв вклучување откри дека Интер навистина размислувал да го врати Пандев во своите редови.

-Јас минатата година го посакував Пандев во Интер, но ете се гледа дека е исправен неговиот потег за останување во Џенова, вели Конте.

Од друга страна, пак, Пандев вели дека постојано го следи Интер, клубот со кој го постигна најголемиот успех во кариерата.

„Секако Интер е тим кој постојано го следам. Ова е добра година да се освои Скудетото. Му честитам на Конте за работата и секако посакувам славје со титула на крај“ – му порача Пандев.

 

Facebook