Connect with us

Фудбал

Интер сака да заблеска средниот ред, понуден Наинголан во замена за ѕвездата на Каљари!

Формата на Раџа Наинголан во Каљари се чини дека не го воодушеви Интер, бидејќи тој нема намера да го врати играчот од средниот ред.

Белгиецот е позајмен на Каљари и треба да се врати во Интер на крајот на сезоната, но тие имаат план и сакаат да го искористат Наинголан како карта за да стигнат до Нахитан Нандез. Уругваецот блеска со екипата од Сардинија и го разбуди интересот на многу клубови.

Според последните вести во италијанските медиуми, Интер е подготвен да преговара со Каљари, дури и во јануари, каде ќе го понуди Раџа Наинголан во замена за еден од најомилените играчи во Сардинија.

Нандез пристигна во Каљари летово, откако ја напушти екипата на Бока Јуниорс. Уругваецот добро се прилагоди на италијанскиот фудбал и досега беше еден од најважните играчи во неговиот тим.