Connect with us

Фудбал

Интер се крсти во Барселона

Последното коло од групната фаза во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, треба да донесе голема драма на стадионите во Барселона, Милано и Ливерпул.

Пресметката на “Ноу Камп”, помеѓу Барселона и Тотенхем е клучна за лондонскиот премиерлигаш кој само со триумф може да го обезбеди посакуваниот пласман во 1/8 финалната рунда. Со три бода, популарните “петли” ќе ја задржат втората позиција и нема да зависат од резултатот кој ќе биде постигнат на “Џузепе Меаца”, каде ќе играат фудбалерите на Интер и ПСВ.

Освен што мора да слави во дуелот со холандскиот претставник, италијанскиот калчо гигант зависи и од резултатот кој ќе биде постигнат во Барселона. Интер и Тотенхем имаат ист број на бодови, но лондонскиот клуб има подобар скор во меѓусебниот дуел.

Пеколно ќе биде и на “Енфилд”, каде ќе се сретнат директните ривали за едно од двете места кои водат во следната елиминациска рунда, тимовите на Ливерпул и Наполи. Домаќинот има потреба од триумф со два гола разлика, додека “азурите” ќе ја исполнат зацртаната цел и со реми.

Утре на програмата:

ГРУПА А: Бриж – Атлетико (М), Монако – Борусија Д. Табела: Атлетико (М) 12, Борусија Д. 10, Бриж 5, Монако 1 бод.

ГРУПА Б: Барселона – Тотенхем, Интер – ПСВ. Табела: Барселона 13, Тотенхем 7, Интер 7, ПСВ 1 бод.

ГРУПА Ц: Црвена З. – ПСЖ, Ливерпул – Наполи. Табела: Наполи 9, ПСЖ 8, Ливерпул 6, Црвена З. 4 бода.

ГРУПА Д: Галатасарај – Порто, Шалке – Локомотив М. Табела: Порто 13, Шалке 8, Галатсарај 4, Локомотив М. 3 бода.