Connect with us

Фудбал

Интер се откажува од еден светски шампион за друг

Трансферот на Оливие Жиру во Интер се чини малку веројате, со оглед на тоа дека во Интер најмногу се фокусирани на Кристијан Ериксен. Поради оваа причина, според „Sky Sports“, Интер има за цел да донесе уште еден напаѓач, Фернандо Љоренте.

Шпанецот во моментов игра за Наполи во Серија А, тим во кој се пресели минатото лето (18 натпревари и вкупно 4 голови). Љоренте бара договор до 2021 година со Интер (на 18 месеци), во спротивно нема да го напушти Неапол

Бепе Марота го следеше Љоренте, поранешен светски шампион со Шпанија, затоа што тој чини помалку од Жиру (светски шампион со Франција) и го познава уште од кога беа во Јувентус.