Фудбал
Интер се подготвува за двоен удар во јануарскиот преоден рок
Од Барселона до Милано, ова е патот што Иван Ракитиќ и Артуро Видал би можеле да го поминат во јануари.
Тренерот на Интер, Антонио Конте повика на засилување за да може екипата да биде конкурентна во борбата за Скудетото, Лигата на шампиони и Купот на Италија.
Затоа имињата на двајцата играчи од средниот ред станаа мета. Во Шпанија нема сомнение. Според „Мундо Депортиво“, Интер оствари некои контакти со Ракитиќ.