Connect with us

Фудбал

Интер се предомислува, дали ќе пропадне договорената размена со Рома?

Објавено:

Матео Политано пристигна во Рим, ги мина лекарските прегледи, се фотографираше со клупски шал, но се уште нема официјална потврда од римскиот тим дека напаѓачот потпишал. Проблем е Интер кој наводно се предомислува.

Како дел од договорот за размена во спротивна насока замина левиот бек Спинацола.

Сепак, според информациите, фудбалерот на Рома ги минал лекарските прегледи, но дополнителните тестови покажале дека тој физички не е подготвен како што треба. Овој играч во минатото често пати имал проблеми со повредите на мускулите. И, сега Интер се предомислува, наместо позајмица до крајот на сезоната, во договорот да пишува со право на откуп. Тоа значи дека во следните шест месеци ако Спинацола не одигра како што треба, ќе се врати во Рим, а Политано повторно ќе биде играч на Интер. Секако, Рома не прифаќа вакво нешто, па според италијанските медиуми, преговорите се напнати и може да пропадне целата зделка.

 

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама