Фудбал
Интер сè уште не започна со тренинзите
Играчите на Интер сепак нема да започнат со тренинзите.
Имено, Интер го одложи нивното враќање затоа што не биле тестирани сите членови на клубот за коронавирус.
Во Серија А, клубовите се враќаат на тренинзите оваа недела, но под строги правила, а во Интер ќе треба да чекаат малку подолго.
Клупскиот центар остана вчера затворен, а тренинзите се очекува да започнат до крајот на неделава.
Клубовите во Италија одлучија дека сакаат да го продолжат шампионатот, но не е одреден датумот.
Се очекува дека тоа ќе се случи наскоро.