Connect with us

Фудбал

Интер се врати на второто место, рутинска победа (ВИДЕО)

Интер вечерва рутински славеше на домашен терен со 2:0 против Лече и се врати повторно на второто место на табелата, каде што беше Лацио до пред почетокот на овој меч. По еден гол во двете полувремиња, Интер го реши мечот во своја корист. Најнапред по одличната акција во која учествуваа Госенс и Барел, Мхтаријан погоди за 1:0 во 29-та минута.  Вториот гол беше дело на Лаутаро Мартинез во 53-та минута.