Фудбал
Интер, сепак, не заборавил да игра фудбал, се враќа со голема победа во Лисабон против Бенфика, му се смешка полуфинале (ВИДЕО)
Интер шест меча немаше победа, но вечерва покажаа одличен фудбал на гостувањето кај Бенфика и славеа со 0:2, што секако е голема предност пред реваншот во Милано на 19-ти април.
Тимот на Инзаги изгледаше зрело, одигра мудро, не и дозволи на Бенфика да игра фудбал. Португалците имаа две три шанси, но голманот Онана беше на висина на задачата. По првите 45 минути без голови следуваше гол на Барела и погодок на Лукаку од пенал за сигурна победа. Интер беше подобар на овој меч и заслужено славеше.