Connect with us

Фудбал

Интер, сепак останува заинтересиран за Лука Модриќ

„Нерзурите“ имаат намера да го доведат во своите редови хрватскиот играч од средниот ред, но во Мадрид не се подготвени да слушнат за каква било понуда до крајот на оваа сезона.

Интер останува заинтересиран за трансферот на играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ.

Веста ја објави „Диарио Спорт“, пренесува „Газета експрес“.

Хрватскиот интернационалец беше поврзан со можно префрлување во Интер минатото лето, но на крајот остана на „Сантијаго Бернабеу“, каде се уште игра.

Тренерот Антонио Конте се уште се надева дека ќе го донесе поранешниот играч на Тотенхем во Интер, но во Мадрид не се подготвени да слушнат за каква било понуда за нивниот играч до крајот на сезоната.

Минатото лето интерес за Лука Модриќ покажаа и во Милан.