Connect with us

Фудбал

Интер во неверојатен натпревар го победи Јувентус во Торино

Интер го совлада Јувентус во Торино со 1:0 во италијанското дерби и освои големи три бода во трката за Скудетото.

Дербито започна фантастично. Блескаше од сите страни, се играше многу брзо, а првата голема шанса ја имаше Џорџо Кјелини во деветтата минута, кој ја погоди гредата од голот на Интер.

Иако се играше брзо, недостасуваа реални стопроцентни шанси. Јувентус остана без Локатели, кој мораше да го напушти натпреварот поради повреда, за финишот на првиот дел да донесе вистинско лудило.

Откако Алваро Мората го нагази Дамфрис, судијата Ирати покажува на белата точка. Сепак, Војчех Шчесни го одбрани ударот на Чалханоглу, но ВАР виде дека Де Лихт влезе порано во шеснаесетникот и пеналот беше повторен.

Вториот пат Чалханоглу не погреши. Погоди за 1:0 и Интер паузираше со водство.

Продолжението му носи апсолутна доминација на Јувентус. Имаше многу шанси пред голот на Самир Хандановиќ и навистина е неверојатно што италијанскиот шампион успеа да се одбрани.

Јувентус имаше неколку страшни шанси. Закарија ја затресе рамката од голот и сите се фатија за глава за сите обиди кои не влегоа во голот.

На крајот Интер успеа да ја задржи предноста. Залудни беа нападите на Старата дама, не успеаја да постигнат гол и резултатот беше 1:0 за „Нероаѕурите“.