Фудбал
Интерес за Игуаин покажаа два клуба од Англија
Како што пишува „Тутоспорт“, напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, се најде на радарот на два англикси клуба, едниот од нив е Њукасл кој стана еден од најбогатите клубови по преземањето од страна на принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салам, додека вториот клуб кој покажа интерес за аргентинецот е Волверхемптон
Игуаин веќе играше во Премиер лигата, носејки го дресот на Челзи половина сезона, но сега може да добие втора шанса да блесне на Островот.
Во овој момент, се чини скоро сигурно дека Игуаин ќе го напушти Јувентус во текот на летото. Во Торино бараат помлад и поперспективен играч да го води нивниот напад во наредните сезони и се очекува Аргентинецот да биде продаден.
Освен Англија, во САД се заинтересирани за напаѓачот, како и неговиот прв клуб, Ривер Плата.