Фудбал
Интересна насловна на „Марка“: „Малиот принц ќе игра дома“
На насловната страница на познатиот шпански весник „Марка“ се најде слика на момче со наслов: „Малиот принц игра дома“
Малиот принц е, всушност, францускиот репрезентативец и напаѓач на Атлетико Мадрид, Гризман, кој утре во Лион игра против Олимпик Марсеј во финалето на Лига Европа.
Гризман е роден во Макон, на само 70 километри од стадионот во Лион, каде што ќе го одигра големо финале утре.
Французинот од 2009 година е во Шпанија, каде што играше пет сезони за Сосиедад, а потоа од 2014 настапува за Атлетико, кој во 141 натпревар постигна 79 гола.
Се работи за напаѓач кој има 27 години и за кој веќе некое време се борат гиганти како Манчестер Јунајтед и Барселона, па се претпоставува дека овој дуел може да му биде последен во дресот „Јорганџиите“, но не е исклучена опцијата да остане во клубот во кој има многу добри односи со тренерот Диего Симеоне.
Што се однесува до утрешното финале, неговиот Атлетико е фаворит, а Гризман ќе има голема поддршка. Впрочем, кој ќе навива за Марсеј во Лион, освен навивачите од Марсеј.
https://twitter.com/foetball247/status/996410456234393602?tfw_creator=sportsport&tfw_site=sportsport&ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2F