Connect with us

Фудбал

Интересна приказна на Солскјер: Пред десет години сакав да се сликам со него…

Тренерот на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер имаше само пофални зборови за младиот фудбалер, Мејсон Гринвуд кој е во одлична форма.

Младиот фудбалер неодамна го продолжи договорот со „ѓаволите“, а тој ќе трае до 2023. година.

Оле Гунар Солскјер по натпреварот против АЗ Алкмар на кој Гринвуд даде два гола откри една интересна приказна од минатото.

„За прв пат го сретнав кога мојот син на осум години тренираше во тренинг центарот Клиф. Мејсон тогаш имаше седум години. Тогаш прв пат го видов и се фотографирав со него. Го прашав за фотографија заота што знаев дека еден ден ќе стане фудбалер. Фотографијата  веројатно ја има Мејсон или неговиот татко. Тогаш го запомнав момчето затоа што зборував со мојот син за тоа. Кога го продолжи договорот Манчестер Јунајтед се присетивме на тој настан“, -изјави Солскјер.