Connect with us

Фудбал

Интернетот е полн со шеги на сметка на новиот играч на Ливерпул и сето тоа благодарение на неговата објава на Инстаграм

Ливерпул пред два дена го официјализираше трансферот на Доминик Шобошлаи од Ред Бул Лајпциг во трансфер вреден 70 милиони евра, а јавноста во Англија веќе најде причина да го „запали“ Унгарецот и неговиот нов клуб. Се е виновна за една најава на унгарскиот претставник од 21 мај, кога Шобошлаи се пофали дека следната година повторно ќе игра во Лигата на шампионите. Во тој момент Шобошлаи се уште беше фудбалер на Ред Бул Лајпциг, кој по натпреварот од тој ден и официјално обезбеди учество во елитното натпреварување, а познато е дека таму нема да го гледаме Ливерпул следната сезона.

Поради ова, интернетот буквално е преплавен со шеги на сметка на одличниот Доминик Шобошлаи, во кои навивачите на тимот од Енфилд гледаат големо засилување. Избраниците на Јирген Клоп целосно потфрлија минатата сезона, заземајќи го (пре)скромното петто место на табелата во Премиершип, поради што следната година повторно ќе ги гледаме во Лига Европа.

„Црвените“ ќе играат во ова натпреварување за прв пат од сезоната 2015/2016. кога стигнаа до големото финале во кое беа поразени од Севиља, апсолутниот владетел на Европската лига.