Други спортови
Интервју со Мет Виландер
Да го старуваме интервјуто со приказната за Енди Мареј, кој очигледно се здоби со големи повреди- Сакам да Ве прашам поради повредата со која тој се здоби и со изјавите дека е неопходна операција , кој совет би му го дале од оваа негова кариерна точка за ситуацијата во која се најде Енди.
Мет Виландер: Зависно од тоа во кој правец ќе оди операцијата и каква е прогнозата, може евидентно да се каже дека се забележуваше дека на Енди не му беше најпријатно во Абу Даби , како и на неговата изложба која се одржа во Глазгов. Доколку имате очигледно куцање додека чекорите, евидентно е дека кога ќе се обидете да трчате ќе Ви биде уште потешко.Она што сакам да го потенцирам е дека треба да се врати во здрава форма и добра кондиција. Она што го размислувам е дека не треба да се избрзува со ништо.Тоа е мојот совет кој ќе го дадам. Многу е и очигледно е и дека е тешко да имаш 30-тина години и умираш да се вратиш на теренот, а треба да останеш трпелив. Уште еднаш мојот совет е да не се враќа на терен се додека не оди нормално и поткуцнува.
Може да се констатира дека Вашиот очигледен фаворит за Австралија Опен е Роџер Федерер, се прашувам дали постои некој друг кој е толку фит во топ 10 или пак топ 15 кој сметате дека може да го порази Роџер ?
Всушност мислам дека Дејвид Гофин е играч кој не смее да се потценува. Додека пак Александар Зверев се подобри навистина многу и изгледа здраво и фит. Новак веќе старее, Надал изведе неколку одлични работи, но Зверев чека на корнерот да го направи својот најголем потег и да добие било каква голема титула. Доколку се прашувам за резултати морам да го издвојам Дејвид Гофин кој отиде навистина ниво понапред.
Поминаа 30 години откако победивте на Австралија Опен по трет и последен пат. Како би ја опишале вашата врска со турнирот?
Мет Виландер: Не сум сигурен дека е за последен пат! Се чувстувам многу поврзано со Австралија Опен турнирот бидејќи очигледно имам постигнато добри резултати и тоа на две различни локации, стигнав до финале и тоа беше голем ден за Австралија и за Австралија Опен бидејќи за прв пат се одржуваше во Мелбурн. Се чувствувам поврзано со двете локации…но, најважната работа е дека поминуваме доста време во Австралија и Швеѓаните секогаш биле таму, сме играле неколку Дејвис Купови таму и секогаш сме биле добри пријатели со Австралијанците.
Дали Борна Чорич се движи на правиот пат? Денеска изгуби од Русите но го победи Шпанецот Баста другиот ден.
Мет Виландер: Треба да внимаваме на Чорил бидејќи е млад и многу многу сериозен и има развиено повеќе техники и вештини во последните неколку месеци одколку во предходниот период.
Досега ниеден хрват не победил на Австралија Опен , што мислите дали имаме шанси оваа година со хрват победник ?
Мет Виландер:Секако дека хрват може да победи, Марин Чилиќ не сум сигурен каде е сега и дали е комплетно здрав и фит , но штом веќе еднаш победи на US Open , може истото и тука да го постигне- ја има потпората. Марин Чилиќ е најголемата надеж за хрватска, сериозен е и тренира навистина многу интензивно.
Што сметате дека Надал треба да преземе за да го победи Роџер Федерер? Се чини дека Федерер лани ја откри тајната како да го победи?
Мет Виландер:Сметам дека на Надал му недостига трпение, бидејќи Роџер игра навистина многу одлично , како што и играше лани.Мислам дека никој не може да го победи Федерер кога е во толку добра форма како што е сега.Затоа повикувам на трпение.Надал би требало малку да се повлече и да размисли уште еднаш дека игра со најдобриот тенисер на сите времиња и да создаде доволно дисциплина и почит како би признал дека Федерер е подобар од него.
Колку му помогна Хрватскиот тренер Љубичич на Роџер Федерер во постигувањето на одличен резултат минатата сезона?
Мет Виландер: Мислам дека Иван Љубичич му помогна многу. Мислам дека сите тренери кои Роџер Федерер ги имал му помогнале на многу различни начини но, помошта што ја доби од Љубичич е разговор за тоа како да игра тенис и колку агресија да употреби. Милам дека Љубичич веројатно му ја продолжи кариерата на Роџер за најмалце 3-4 години поради начинот на кој игра. Тој беше многу по агресивен во последните две години и мислам дека не само што има сфатено како да игра, туку и како да победи со агресивно играње. Љубичич му ја зголеми самодобербата на Федерер и го натера да разбере дека ако агресивно сепак може да ги победи најдобрите играчи во светот, бидејќи не само што е подобар играч туку и ги прави другите играчи уште полоши а играчите се повеќе се плашат од него сега бидејќи е по агресивен.
Кога веќе говориме за Роџер Федерер, дали сметате дека ќе остане најстариот број 1 играч и до кога ќе може да остане достоен на својот перформанс?
Мет Виландер:Не сум доволно сигурен дека ќе остане најстариот број 1 играч, но и тој не се грижи многу за истото поради фактот што победува на Гранд Слемовите.Мислам дека може да игра уште 2-3 години и да биде опасен на Гранд слемовите на возраст од 40 години, но искуството ми вели дека ќе игра се поретко и поретко.Со неговиот стил на игра и талент пред се , може да биде конкурентен и до својата 40-та година.
Кој маж или пак жена би сакале да ги тренирате и зошто ?
Мет Виландер: Немам некој фаворит да бидам искрен.Она што за себе го очекувам во 2018 е да седам во удобното столче на коментаторите и да гледам возбудливи мечови.
Кога првпат ја здогледавте Симона Халеп, дали мислевте дека има потенцијал да влезе во топ 10 ? Кои се нејзините квалитети со кои се искачи на пиедесталот ?
Мет Виландер: Искрено уште кога ја видов за прв пат сметав дека е комплетна , дека има одлични потези и борбен дух што е голема предност но некогаш и недостаток.Очигледно е дека е во одлични раце и има супер тренинг.Морам да признаам дека сум малку изненаден бидејќи се натпреварува за титулата на Гранд Слем.
Дали мислите дека Серена Вилијамс и Марија Шарапова имаат шанса да ја вратат својата претходна форма?
Мет Виландер: Мислам дека Марија Шарапова со сигурност ќе може. Таа мора да биде екстемно амбициозна за да победи. Прилично сум убеден дека ќе ја поврати нејзината форма. Не знам за Серена Вилијамс, но мислам дека физички е можно да се доближи до тоа каде била пред да има бебе. Сигурен сум дека може да работи доволно напорно за да стигне до таму, таа очигледно не е 30 години стара. Со Серена, тоа е повеќе за нејзиниот начин на размислување, мора да има мирни мисли на ум што е очигледно, но дали инстинктот убиец сè уште постои откако создаде семејство? Тоа е прашање на кое никогаш не го знаеме одговорот додека не ги видиме на терен.
Мет Вие сте човек кој доста патува , која е Вашата омилена земја ?
Мет Виландер: Тоа е идеална комбинација од прекрасни земји и луѓе.Австралија морам да ја издвојам како омилена освен Шведска. Тоа е моето омилено место , мојот омилен Гранд Слем.Некогаш можеби и ќе се преселев токму тука, да не беше толку далечна.
