Фудбал
Инцидент во Барселона, Меси на Гризман сакал да му покаже кој е „газда“?!
Во Барселона напнато по ремито без голови против Севиља. Наводно се случил инцидент за време на тренинг, кој ќе предизвика уште полоша атмосфера да има. Наводно на тренингот сериозно се скарале Лионел Меси и Антоан Гризман. Како пренесува „Дарио Гол“ имало и физички контакт, а потоа соиграчите и тренерот реагирале и спречиле физичка пресметка.
Наводно Меси и Гризман се скарале уште на мечот против Леганес. Французинот проценил дека е во добра ситуација да постигне гол, но Меси го игнорирал, не сакал да му ја додаде топката. Тој секако сериозно му се налутил и веднаш му рекол на тренерот. Првата звезда на Барса не можел да се помири со критиките па сето тоа кулминирало со инцидент на тренингот по мечот.
Според медиумите во Шпанија, Меси и Гризман не се во добри односи уште откако Французинот пристигна на „Камп Ноу“.