Кошарка
Инцидент во Хјустон, Џејмс Харден ги губи нервите
Хјустон Рокетс наскоро ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона во НБА, а ситуацијата со главната sвезда Џејмс Харден не е добра.
Харден сакаше да го напушти Хјустон и се уште се надева на заминување, но засега тој е сè уште член на Хјустон, а сезоната започнува вечерва.
Тимот не сака да се откаже од Харден, кој е несреќен во Хјустон, бидејќи смета дека овој тим не е доволно конкурентен за титулата шампион во најсилната кошаркарска лига.
Харден дојде во тренинг кампот на 8 декември, но засега е прилично нервозен, па учествуваше во инцидентот и наводно имал неколку вербални расправии со соиграчите, а за малку ќе се степал со еден од нив.
Харден наводно фрли со топката кон својот соиграч, но за среќа промашил.