Connect with us

Фудбал

Инцидент во Мадрид: Обезбедувањето го исфрли таткото на Халанд од ложата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Алф Инге Халанд, таткото на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата – Ерлиг Халанд, мораше предвреме да ја напушти ложата на стадионот Сантијаго Бернабеу поради неговото недолично однесување.

Халанд сениор од ложата на стадионот „Сантијаго Бенабеу“ влезе во вербална расправија со навивачите на домашната екипа, кон кои можеше да се види како прави непристојни гестови.

Снимките кои доаѓаат од стадионот сведочат дека Алфи ги провоцирал симпатизерите на Реал кои не му останале должни, а наводно 50-годишниот Норвежанец фрлал храна кон публиката и вербално ги навредувал.