Фудбал
Инзаги: Имам пет напаѓачи во добра форма кои заслужуваат да играат
Тренерот на италијанскиот шампион Интер Симоне Инзаги изјави дека целта на неговиот тим е да постигне резултат на реваншот против Милан , што ќе му овозможи да игра во финалето на Купот на Италија.
“Секој тренер има сомнежи и избори кои треба да ги прави секој ден. По последните два тренинзи ќе го изберам најдобриот за натпреварот. Се уште се бориме за двата трофеи и ни оди одлично, со оглед на тоа што веќе го освоивме Суперкупот во јануари“, смета тој. “Одигравме три дербија оваа сезона, но утре сакаме да победиме за да играме во финалето. Ќе играме на нашиот стадион, пред публика која не инспирира во текот на целата сезона. Знаеме дека нема да бидеме сами”, изјави Инзаги.
“Знаеме колку е важен Марсело Брозовиќ за тимот. За жал, тој отсуствува во период од сезоната што се совпадна со не толку добриот настап на тимот. Разговарав со клубот и веројатно ќе одведеме играч на неговата позиција, но сега Не ми е толку важно, бидејќи ни остануваат уште 40 дена од сезоната“, додаде специјалистот.
“Имам пет напаѓачи во добра форма кои заслужуваат да играат. Ќе направам избор. Морам да одлучам кој ќе игра од почеток и кој ќе влезе во текот на натпреварот”, изјави помладиот брат на Филипо Инзаги.