Фудбал
Инзаги: Судбината е во нашите раце
Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги очекува од неговите фудбалери на вечерашниот дуел со Торино (20:45 часот) да играат како да е финале.
Средба од 35. коло на Серија А е од голема важност за Лацио кој е во бескомпромисна битка со Рома и Интер за место кое обезбедува учество во Лигата на шампионите.
– Треба да играме беспрекорно, бидејќи се соочуваме со силен ривал. Мора да мислиме како овој меч да е финале. Многу важно да се сконцентрираме само на нашиот дуел и да не мислиме на резултатите на ривалите. Нашата судбина е во наши раце. Календарот е доста тежок, но против Торино одиме на победа, истакна Инзаги.
Во пресрет на средбата во Торино, Лацио има 67 бода, три помалку од трето пласираната Рома.