Connect with us

Други спортови

Иранец кој 9 години е затворен во истиот притвор каде беше и Ѓоковиќ: Се надевам дека тој ќе проговори за нас

Еден од бегалците кој на 22 јули 2013-та година со брод дошол во Австралија од Иран, Мехди Али, се надева дека бурата која настана со визата на Новак Ѓоковиќ ќе помогне да се слушне и гласот на оние кои со години чекаат во Карлтонс Хотел Парк во Мелбурн.

Токму тој Али пред само неколку дена се огласи на твитер дека го побарале голем број новинари за да го прашаат за Новак Ѓоковиќ. Како што вели тој, девет години сум тука во  „кафезот“, а тие му се јавиле да го прашаат како е Ѓоковиќ.

24-годишниот Мехди Али затворен во имиграцискиот центар седи цели девет години. Тој на Твитер зборува за неговиот живот во собата и апсурдноста да се биде затворен девет години без да се има никаков повод за тоа. Али не е престапник и не направил никакво кривично дело. Едноставно не може да влезе во Австралија.

Изјавата на Мехди Али на следниот ЛИНК.

Реклама

Facebook

Реклама